naslov_001
naslov_002
Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)

Грејни тела

ЕГТ произведува електрични грејни тела веќе 25 години и во тој период стана главен снабдувач за индустриски грејни тела во Македонија. ЕГТ создава цевчести грејни тела од метална цевчеста обвивка од материјали избрани да одговараат на одредена апликација. Оваа обвивка обвива соленоид направен од Никел-Хром жица со одредена отпорност во центарот на цевката цврсто набиен меѓу електричен изолатор и добар топлопроводник Магнезиум оксид (MgO).

Патрон грејачи

ЕГТ во Македонија произведува и од двата типа на патрон грејачи (со мала и голема топлотна густина). Истите овозможуваат удобен, сигурен и ефикасен начин на внесување на концентрирана топлина кај масивни метални делови, особено кај оние кои се користат во дреарството, греење на калапи, греење на метални плочи, кај машини за топлинско запечатување како и кај многу други машини во индустријата кај кои е потребна одредена количина на топлина во производствениот процес.

Керамички грејни тела

Примарна употреба на овие грејни тела е греење на вода, течности или масла. Се користат кај цистерни и контејнери кај кои грејното тело се вметнува во цевка со одредени димензии заради лесна промена на грејното тело без празнење на истите. Кога се користат одводни цевки, се постига поголема површина за размена на топлината, што овозможува внесување на поголема енергија од грејното тело во контејнерот.

Појасни грејачи

Има безброј видови на појасни или плочести грејачи. Само на една машина за леење во клапи или извлекување може да има и до 12 различни типа на истите. На овој тип грејни тела му се даваат различни имиња во зависност од големината и местото каде што се наоѓаат кај една машина. Поради тоа ние нудиме бесплатен увид на лице место со цел да Вие го добиете појасниот грејач кој беспрекорно ќе ја извршува својата задача.

0123

Посети денес:12
Посети вчера:46
Вкупно посети:51931
Датира од:22-09-2011
Врвни 5:
Unknown flag UNKNOWN (31203)
Russian Federation flag RU (4273)
Macedonia, Former Yugoslav Republic flag MK (3976)
Germany flag DE (2578)
Ukraine flag UA (1834)
51931 посети од 134 држави
Има 7 гости присутни