Патрон грејачи
ЕГТ патрон грејачите обезбедуваат удобен, сигурен и ефикасен начин на внесување на концентрирана топлина во цврсти метални елементи посебно кога е потребен компактен и брз начин на вметнување на топлина, како на пример при правење на калапи, греење на калапи, метални плочи, кај алати за термичко запечатување. Патрон грејачите се лесно прилагодливи и ги има во широк спектар на големини. Најчесто се користат за загревање на вода, масло и лепила, како и на воздух, разни гасови и тврди метални елементи.
Познати по долгиот работен век, патрон грејачите се конструирани со користење на прецизно димензионирани обвивки кои точно влегуваат во отворите на машините и создаваат целосен контакт со ѕидовите на отворите. Внатрешното грејно тело се состои од висококвалитетен порцелан, цврсто набиен магнезиум оксид, а е овозможена голема разновидност на излезни конектори како што се: метални завртки и навртки или никел силиконски изолирана жица. Грејното тело е така поставено да овозможи мала температура на јадрото, а голема на обвивката како и брзо загревање. Патрон грејачите со иноксна обвивка овозможуваат стабилна нерѓосувачка површина.
Површинската енергетска густина и работната температура зависат од големината на отворот. Поголем отвор - помала густина. Колку подобро е димензионирањето на контактот (отвор - патрон) толку подолг е работниот век на патрон грејачот. Патрон грејачите со површинска густина од 20W/cm2 е препорачливо да бидат зацврстени.
Пресовани патрон грејачи
[Висока густина]
Пресованите патрон грејачи се состојат од жица со отпор, намотана на јадро и вметната во иноксна цевчеста обвивка. Празниот простор е исполнет со магнезиум оксид. Цевката се редуцира во дијаметар, со што се пресова внатрешноста, со прецизна толеранција на дијаметарот и искривувањето.
Секогаш треба да се внимава пресованите патрон грејачи да се совпаѓаат со прецизно направените отвори за да се овозможи правилна функција.
Непресовани патрон грејачи
[Мала густина]
Непресованите патрон грејачи се прават со вметнување на спирала од грејна жица во висококвалитетни порцелански носачи. Потоа тие се вметнуваат во цевчеста обвивка која ги задоволува потребните услови, а празниот простор се исполнува со магнезиум оксид и се запечатува.